Рускиот тенисер Даниил Медведев приреди големо изненадување на турнирот Индијан Велс Мастерс, откако во полуфиналето го совлада светскиот број еден Карлос Алкараз и ја прекина неговата победничка серија.
Медведев славеше со 2-0 во сетови (6:3, 7:6) и така ја прекина серијата од 16 последователни победи на Алкараз оваа сезона.
Рускиот тенисер одигра сигурно во текот на целиот меч, направи рано водство во првиот сет и ја задржа предноста до неговиот крај. Вториот сет беше значително поизрамнет, но Медведев беше подобар во тај-брејкот и го обезбеди пласманот во финалето.
Во финалето на турнирот ќе се сретне со Јаник Синер, кој во другото полуфинале убедливо го совлада Александар Зверев со 6:2 и 6:4.
За Синер ова ќе биде прво финале на турнирот во Индијан Велс, додека Медведев ќе се обиде да стигне до нов трофеј на еден од најпрестижните турнири од серијата Мастерс.
