Во автомобил во населбата Ветерник во Приштина, како што објавија медиумите од Косово, пронајден е мртов бизнисмен од Ѓаковица, кој бил кандидат за пратеник на изборите од пред еден месец на листата на партија на Рамуш Харадинај.
Случајот го потврди портпаролот на косовската полиција за регионот Приштина, кој изјави дека полицијата и државниот обвинител започнале истрага за околностите на смртта.

