Косовски државјанин е уапсен откако побегнал при царинска контрола на
Граничниот премин Блаце, оттурнувајќи царински службеник со своето
возило.
Полицијата го пронашла и привела на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје, а при претрес биле пронајдени марихуана и џебен
нож. Приведениот изјавил дека за време на бегството фрлил и кеса во која имало два пиштола.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
