Во финална фаза е изградбата на новиот сквер пред спортската сала „Расадник“, кој се протега на површина од 4.535 квадратни метри, објави градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајковска.
Овој проект се реализира со средства од Владатана Република Македонија, како дел од инвестициите за капитални проекти во општините и е значаен за жителите на Кисела Вода. Просторот пред салата се трансформира во современо урбано катче преку поплочување, изградба на светлечка фонтана, поставување на урбана опрема и со богато хортикултурно уредување.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
