Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Колумбија прогласи вонредна состојба по разорниот земјотрес, над 110 загинати
    Свет

    Колумбија прогласи вонредна состојба по разорниот земјотрес, над 110 загинати

    11/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени што ја погоди земјата, при што според најновите информации загинаа повеќе од 110 лица, а над 1.500 објекти се оштетени и прогласени за небезбедни за живеење.

    Претседателот Абелардо де ла Есприеља соопшти дека лично ќе раководи со справувањето со кризата.

    „Јас лично ќе бидам на чело на оваа национална криза и неуморно ќе патувам низ земјата за да ги преземам неопходните мерки“, објави тој на платформата Икс.

    Земјотресот се случи во понеделникот во општината Сан Хозе дел Палмар, околу 250 километри северно од главниот град Богота, предизвикувајќи големи човечки и материјални последици.

    Како итна мерка, колумбиската влада распореди армиски единици кои ќе учествуваат во потрагата по преживеани под урнатините и ќе им помагаат на спасувачките екипи, објави весникот „Ел Еспектадор“.

    Најтешко погодени се сиромашните делови на департманот Чоко, каде што јавната инфраструктура е ограничена, а околу 70 проценти од населението живее во сиромаштија. Дополнителен проблем претставува и присуството на вооружени групи кои контролираат делови од регионот.

    Подрачјето е познато по силната сеизмичка активност. Во 1999 година земјотрес со јачина од 6,9 степени го разурна градот Арменија, при што животот го загубија повеќе од 1.000 луѓе.

    По најновата катастрофа, бројни земји и организации понудија помош. Соединетите Американски Држави одобрија финансиска помош од 15,5 милиони долари, додека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен соопшти дека Европската Унија е подготвена да помогне и дека веќе е активирана сателитската служба „Коперник“ за поддршка на спасувачките операции.

    Поддршка пристигна и од светски познатата колумбиска пејачка Шакира, која преку социјалните мрежи испрати порака со сочувство и охрабрување до својот народ.

    Поврзани вести:

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    19/10/2026

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    19/10/2026

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.