Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Кочани се сеќава на своите 63 ангели, се одбележува годишнина од трагедијата
    Република

    Кочани се сеќава на своите 63 ангели, се одбележува годишнина од трагедијата

    14/03/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со утринската литургија за загинатите во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани, со која чиноначалствуваат Неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Неговото високопреосвештенство митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион, започна одбележување на првата годишнина од трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс”.

    За утре се предвидени повеќе спортски и културни активности. Предвидена е рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип – Кочани во чест на загинатите 63 млади лица. Во исто време ќе започне и првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели”, на релација на Пониква.

    Истиот ден, во спортската сала кај Гимназијата во Кочани ќе се одржи кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата.

    На 16 март е централното одбележување на кочанската трагедија, а во пред објектот „Пулс” ќе се одржи настанот „Светлина што останува”.
    Во Паркот на револуцијата во Кочани на 16 март ќе биде поставена симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи”, со муралот „Ѕид на сеќавање”, посветен на жртвите.

    Во пожарот во ноќниот клуб Пулс во Кочани што се случи на 16 март 2025 година во 2:35 часот по полноќ загинаа 63 млади, а над 200 беа повредени.

    Поврзани вести:

    Нов протокол за семејно насилство: Обвинителството, МВР и социјалните служби ќе постапуваат координирано

    Нов протокол за семејно насилство: Обвинителството, МВР и социјалните служби ќе постапуваат координирано

    Догорче од цигара предизвика пожар во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

    Догорче од цигара предизвика пожар во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

    Царината спречи нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол забранета за увоз

    Царината спречи нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол забранета за увоз

    Апел до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

    Апел до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

    Серафимовски денеска ќе ги соопшти мерките за проблемот со кравите во Крива Паланка

    Серафимовски денеска ќе ги соопшти мерките за проблемот со кравите во Крива Паланка

    Времето драстично се менува: Денес до 22 степени, потоа следува нагло заладување

    Времето драстично се менува: Денес до 22 степени, потоа следува нагло заладување

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    годишнина дискотека пулс кочани пожар
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Нов протокол за семејно насилство: Обвинителството, МВР и социјалните служби ќе постапуваат координирано

    20/11/2026

    Догорче од цигара предизвика пожар во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

    20/11/2026

    Царината спречи нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол забранета за увоз

    20/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.