Шеесетгодишен жител на Кочани е приведен под сомнение дека со употреба на сила му одзел пари на 54-годишен сограѓанин веднаш откако тој ги подигнал од банкомат.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 17:15 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани го лишиле од слобода М.Ѓ. (60) од Кочани.
Претходно, 54-годишниот Д.М. од Кочани подигнал пари од банкомат кој се наоѓал во близина на автобуската станица во градот. По тоа, осомничениот, според пријавеното, му ги одзел парите со употреба на сила.
За случајот бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосното расчистување и документирање на настанот, од МВР најавуваат поднесување соодветна пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
