Министерството за здравство обезбеди информации за двете серии вакцини бесеже за кои се тврди дека има несакани ефекти, тоа се серии од 2022 и 2023 година и нивните рокови и употребата во Македонија е завршена пред повеќе месеци и во моментов тие серии не се во употреба, соопшти министерот Сашо Клековски.
Тој рече дека дале упатство за прекинување на вакцинацијата со бесеже на новородените деца во сите болници каде се врши вакцинацијата со вакцината од производителот од Бугарија, за која се тврди во Хрватска дека предизвикала несакани ефекти.
За да се обезбеди континуитет на оваа важна вакцина, Клековски посочи дека, постигнале согласност со УНИЦЕФ за обезбедување на едногодишни количини од јапонски производител и во тек е набавка на вакцини од Јапонија.
