Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Ќе им се даде ордени или казни: Кои се докторите што работеле без прекин по 24 часа, 31 ден месечно, дури и во оние месеци што имаат по 30 дена?
    Политика

    Ќе им се даде ордени или казни: Кои се докторите што работеле без прекин по 24 часа, 31 ден месечно, дури и во оние месеци што имаат по 30 дена?

    27/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Македонија медицината сериозно напредувала, ама не по усовршување на начинот на лекување, туку по рекордната должина на работното време за некои медицински лица. Kако да се делел некаков еликсир за изржливост и одбраните медицинари работеле без прекин 24 часа во денот и тоа без прекин 31 ден дури и во месеците кои трајат 30 дена.
    Браво, зошто се криел до сега овој изум и ова достигнување? Па малку е што таквите вредни медицинари земале огромни дополнителни примања, треба и ордени да им се даде.
    Или пак ако се тргне шегата настрана треба ли да им се даде казни, па дури и откази?

    Инаку, за оваа тешка злоупотреба се дозна вчера од премиерот Мицкоски: „Одредени здравствени работници наоѓаат начин преку чуден еден изум или еликсир на континуирана работа, да книжат дежурства и да добиваат месечни примања и од над 10.000 евра. Чудно но вистинито,” констатираше Мицкоски.

    Да се разбереме, нема тука никаков еликсир, туку очигледна злоупотреба. Надлежните служби треба сето ова да го сфатат сериозно и да го истражат.
    Со години слушаме за слични злоупотреби со прекувремени часови, празнични дежурства, патни налози и боледувања во речиси сите институции.
    Свеж е примерот од министерството за односи меѓу заедниците со кое раководеше Артан Груби, таму имаше вработени кои и не знаеле дека се вработени, ама редовно земале плата. Неодамна и во МВР се отвори приказна за злоупотреба на боледувања, каде дел од службениците боледувале, а не биле болни.

    Сето тоа нема да престане ако не биде соодветно санкционирано. И тоа не само на оние кои лажирале, туку и на оние кои не го спречиле тоа, а работата им била баш таква.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.