Кина најави помош за Куба околу недостатокот на гориво. Воедно кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека нема извештаи за кинески државјани на Куба, откако авиокомпаниите ги прекинаа летовите поради недостиг на гориво за авиони предизвикан од блокирањето на пратките од Венецуела од страна на САД.
Портпаролот на надлежното министерство, Лин Џиан, изјави дека Кина цврсто ја поддржува Куба во заштитата на националниот суверенитет и безбедност и се спротивставува на странското мешање.
„Секогаш ќе ѝ пружиме поддршка и помош на кубанската страна колку што можеме”, нагласи портпаролот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
