Шоферите што возат пијани се сериозен проблем за безбедноста по македонските патиштата. Ум не им доаѓа, напротив, како да се на натпревар кој повеќе ќе испие алкохол пред да седне зад воланот. Синоќа еден кавадарчанец го срушил рекордот имал 3,21 промили алкохол во крвта. И во таква состојба се удрил во друго возило.
Полицијата го уапсила и ќе покрене соодветна постапка. Пожелно е МВР во престојниот период на слави и новогодишни празници да прави засилени контроли, оти многу празнично расположени возачи ќе бидат потенцијална опасност по македонските патишта.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
