Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Катастрофални штети во Долнени: Град уништи над 1.000 хектари тутун и сончоглед
    Република

    Катастрофални штети во Долнени: Град уништи над 1.000 хектари тутун и сончоглед

    25/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Меѓу 1.000 и 1.100 хектари со тутун и сончоглед се уништени во силното невреме со град што го зафати подрачјето на Општина Долнени.

    Штетите на одредени земјоделски површини достигнуваат и до 100 проценти, а земјоделците велат дека дел од насадите се целосно уништени и нема да можат да дадат никаков принос.

    Невремето било проследено со интензивен град, кој според земјоделците бил со големина на орев, како и со силен ветер. Ударите од ветрот дополнително ги оштетиле посевите, а на повеќе места растенијата биле целосно полегнати.

    Најпогодени се селата Новоселани и Заполжани, каде што земјоделците пријавуваат најголеми загуби. Сериозни последици има и во Дебреште, Ропотово и Лажани, каде голем дел од обработливите површини се оштетени.

    Претседателот на Сојузот на тутунски здруженија, Кире Ристески, состојбата ја оцени како катастрофална, посочувајќи дека многу тутунопроизводители ќе останат без значителен дел од очекуваниот род.

    Дополнителен проблем, според земјоделските здруженија, е што голем број производители немаат осигурување за своите насади, што дополнително ја отежнува можноста за надомест на штетите.

    Од Сојузот најавуваат дека ќе иницираат промени со кои при склучувањето договори за откуп на тутунот повторно би било задолжително да се склучуваат и договори за осигурување на производството.

    Според Ристески, ваквата мерка би овозможила земјоделците барем делумно да бидат обесштетени при природни непогоди и да имаат поголема сигурност во производството.

    Земјоделците сега очекуваат надлежните институции да излезат на терен, да направат проценка на штетите и да преземат мерки за помош на погодените производители.

    Поврзани вести:

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    20/10/2026

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.