„КАТАСТАР ДО ТЕБЕ“ СТАРТУВА ДЕНЕСКА ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Со денешната прва промоција од 16 до 19 часот во Општина Аеродром, Агенцијата за катастар на недвижности ја стартува новата кампања „Катастар до тебе“,. Целта е институцијата да се доближи до граѓаните преку директна комуникација, транспарентност и отвореност.
На настанот, службеници и раководители од Катастарот ќе одговараат на прашања и ќе даваат совети за постапките и услугите што ги нуди агенцијата. Кампањата има за цел да ја зголеми довербата и да понуди поедноставени услуги за физички и правни лица. Во следниот период, тимовите на Катастарот ќе ги посетат на сите општини во Македонија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
