Македонија, иако има многу земјоделско земјиште за жал увезува многу храна. Каква е таа по квалитет? Ова прашање се наметнува и сега откако пред некој ден од Агенцијата за храна и ветеринарство објавија дека уништиле огромни количини на запленета небезбедна храна.
Вчера медиумите во регионот објавија дека во Албанија е блокиран увоз на 100 тони српска пченица, под под сомнение за присуство на канцерогена состојка над дозволените норми. И во Хрватска во мелен цимет увезен од Србија пронашле сомнителна бактерија.
Ова ги отвора сериозните прашања: Каква увозна храна јадеме и дали се врши засилена соодветна контрола?
Очигледно е дека ако увозот не е придружен со строги и почести лабораториски прегледи, ризикот од присуство на токсични и заразни состојки е реален.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
