Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Занимливости»Како природно да се намали холестеролот и да се заштити здравјето на срцето
    Занимливости

    Како природно да се намали холестеролот и да се заштити здравјето на срцето

    08/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Холестеролот е масна супстанца која природно се создава во црниот дроб и има важна улога во функционирањето на организмот. Тој учествува во процесите на варење и создавање на хормони, како и во изградбата на клеточните мембрани. Сепак, кога неговото ниво во крвта е зголемено, може значително да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Поради тоа лекарите често препорачуваат намалување на таканаречениот LDL или „лош“ холестерол, особено кај лица кои имаат зголемен ризик од кардиоваскуларни проблеми.

    Покрај медицинската терапија, важна улога во контролата на холестеролот имаат и секојдневните животни навики. Еден од најважните чекори е намалување на внесот на заситени и транс масти, кои најчесто се наоѓаат во преработена и пржена храна, масно месо, путер, колбаси и индустриски печива. Наместо тоа, експертите препорачуваат почеста консумација на незаситени масти како маслиново масло, јаткасти плодови, семки, авокадо и масна риба богата со омега-3 масни киселини.

    Исхраната богата со растителни влакна исто така може значително да помогне во намалување на нивото на лошиот холестерол. Овошјето, зеленчукот, интегралните житарки и мешунките се сметаат за одличен избор за секојдневното мени. Според бројни истражувања, прекумерниот внес на шеќер може дополнително да ги зголеми нивото на триглицериди и холестерол, па затоа се препорачува ограничување на засладени пијалоци, слатки и индустриски грицки.

    Покрај исхраната, важна улога има и редовната физичка активност. Експертите советуваат најмалку 150 минути умерено вежбање неделно, како на пример брзо одење, возење велосипед или лесно трчање. Редовното движење може да помогне во подобрување на нивото на „добриот“ холестерол и во заштита на кардиоваскуларното здравје.

    Дополнително, намалувањето на стресот, откажувањето од пушење и умереното консумирање алкохол можат значително да придонесат за подобро ниво на холестерол и целокупно здравје на срцето. Доколку нивото на холестерол е високо, лекарите советуваат редовни здравствени контроли, а кај некои пациенти може да биде потребна и терапија во комбинација со промени во животниот стил.

    Поврзани вести:

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    Автомобил со 3.400 бакнежи стана хит на интернет, но му донесе казна на сопственикот

    Автомобил со 3.400 бакнежи стана хит на интернет, но му донесе казна на сопственикот

    Светот добива нова карта: 164 држави гласаа „за“

    Светот добива нова карта: 164 држави гласаа „за“

    Светски ден на пишувањето писма: Потсетник дека највредните пораки не се испраќаат со еден клик

    Светски ден на пишувањето писма: Потсетник дека највредните пораки не се испраќаат со еден клик

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    15/10/2026

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    07/10/2026

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.