Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Занимливости»Како еден Жолт дечко ја промени новинарската историја: „Зошто се вели „жoлта штампа“?“
    Занимливости

    Како еден Жолт дечко ја промени новинарската историја: „Зошто се вели „жoлта штампа“?“

    05/02/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Терминот „жолта штампа“ денес го разбира целиот свет, но малкумина знаат како всушност се појавил. Станува збор за новинарство кое се служи со сензационализам, полусвеста и визуелни трикови за да продаде што повеќе примероци. Но, зошто токму „жолта“? Приказната започнува со еден цртеж за еден „Жолт дечко“ во Америка, крајот на 19 век, кој целосно го сменил светот на медиумите.

    Терминот „жолта штампа“ се однесува на весници (а подоцна и на сите медиуми) кои користат сензационализам за да продадат повеќе примероци. Таквите весници честопати манипулираат со информации, користат полувести и визуелни ефекти, а целта им е само да го зголемат тиражот. Денес терминот се користи и со погрдно значење за да се осуди секое новинарство кое работи на непрофесионален или неетички начин.

    Зошто „жолта“?
    Колевката на „жолтата штампа“ е во Америка. Во 1898 година еден англиски магазин напишал: „Не се сите американски весници ‘жолти’, иако современото американско новинарство е жолто.“

    Историјата на терминот е поврзана со Џозеф Пулицер, основач на сензационалната штампа и автор на престижната Пулицерова награда. Иако Пулицер бил главен актер во оваа приказна, тој не го создал самиот термин.

    Сè започнало во средината на 1890-тите, кога два најсилни весници во Њујорк, „New York World“ на Пулицер и „New York Journal“ на Вилијам Рандолф Херст, се натпреварувале за тираж. И двата весника откриле дека сензационализмот, цртежите и бомбастичните наслови го зголемуваат интересот, па дури и покрај сериозните теми, повеќе внимание посветувале на сензационални вести.

    Во тој период, двата весника биле демократски, наклонети кон работничката класа и имигрантите и вложувале огромни средства во неделните изданија кои функционирале како неделни магазини.

     

    Од „Жолтиот дечко“ до „Жолтата штампа“

    „Војната со бројката на продадени примероци на весник/книга/медиум“ беснеела со месеци. Пулицер забележал дека стрипот е многу популарен и во 1896 година започнал да го објавува „Жолтиот дечко“ – стрип за ќелаво дете во жолта кошула. Неговите авантури веднаш станале хит, носејќи му предност на „New York World“ во споредба со „New York Journal“.

    Херст не се предавал – успеал да го ангажира Пулицеровиот цртач Ричард Аутколт во своите весници, а Пулицер продолжил да објавува сличен стрип, создавајќи така „два жолти дечки“ во градот.

    Стрипот бил обоен со брзосушливо жолто мастило, а тоа било доволно за да остане како отпечаток и во медиумската терминологија – другите весници почнале да ги нарекуваат „жолти“.

    Се верува дека самиот термин „жолто новинарство“ го смислил уредникот на трет најпопуларен весник во Њујорк, „New York Press“, Ервин Вардман, кој го објавил прв, без јасна дефиниција што точно значи.

     

    Поврзани вести:

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    Автомобил со 3.400 бакнежи стана хит на интернет, но му донесе казна на сопственикот

    Автомобил со 3.400 бакнежи стана хит на интернет, но му донесе казна на сопственикот

    Светот добива нова карта: 164 држави гласаа „за“

    Светот добива нова карта: 164 држави гласаа „за“

    Светски ден на пишувањето писма: Потсетник дека највредните пораки не се испраќаат со еден клик

    Светски ден на пишувањето писма: Потсетник дека највредните пораки не се испраќаат со еден клик

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    15/10/2026

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    07/10/2026

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.