Во меч од 14. коло во Премиерлигата, Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ одигра само 1:1 и ја прошушка шансата да скокне на четвртото место. Четата на Рубен Аморим повторно покажа дека умее да комплицира и лесни ситуации – имаше игра, имаше водство, ама… добро познатиот сценарио.
Јунајтед поведе преку Далот во 58. минута и изгледаше како конечно да научи да „заклучува“ натпревари. Но, како и многу пати досега, тоа беше само моментална илузија. „Црвените ѓаволи“ играа со нервите на навивачите сè до 83. минута, кога „Чеканите“ решија да им покажат како изгледа упорност и преку Магаса израмнија на 1:1.
Голот на Вест Хем не само што ги „приземји“ домашните, туку им однесе и златна можност да се израмнат со Челзи на четвртата позиција. Наместо скок нагоре – уште едно разочарување и уште една promašena шанса во сезона полна со „ќе можеше, ама не успеа“.
Манчестер Јунајтед пак си остана верен на себе: водство, па нервоза, па пад во финишот. Навивачите одамна го знаат овој филм наизуст.
