ЈСП вози по зимски возен ред и со изменети рути на повеќе линии поради градежни работи на улиците, информира ЈСП Скопје. Изменет режим на сообраќај има на линиите 3б, 4, 7, 9, 18, 23, 24, 44, 54 и 118, поради затворени или делумно проодни делници.
Од претпријатието посочуваат дека измените се привремени и се воведени со цел непречено одвивање на сообраќајот. Граѓаните се повикуваат да ги следат информациите и навреме да го планираат движењето.

