Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Јаневска: Учебниците се навреме обезбедени, наставата стартува без проблеми
    Република

    Јаневска: Учебниците се навреме обезбедени, наставата стартува без проблеми

    31/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Новата учебна 2026/2027 година започнува утре за околу 238 илјади ученици во основното и средното образование. Наставата ќе трае до 10 јуни, додека за матурантите ќе заврши на 17 мај, соопшти министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

    Таа информираше дека учебниците за новата учебна година се навремено набавени и доставени до училиштата.

    „Трета година по ред учебниците се обезбедени навреме, во тираж што го побараа училиштата. Испорачани се и уште утре ќе можат да им бидат поделени на учениците. Задоволство ми е што прашањето со учебниците повеќе не претставува проблем како во минатото. Годинава се набавени 622 илјади учебници, а остварени се заштеди од 50 милиони денари во споредба со периодот пред да го преземам раководењето со Министерството“, истакна Јаневска.

    Таа посочи дека целосно нови учебници се обезбедени за учениците од прво, второ и трето одделение, за осмо одделение, како и за втора година во гимназиското образование.

    Од вкупно 1.023 училишни објекти, во 620 оваа учебна година ќе се реализира едносменска настава. Во меѓувреме, во тек е проширување на капацитетите на 14 училишта во Скопје и во Градско.

    За учениците со посебни образовни потреби ќе бидат ангажирани 1.358 образовни асистенти во основните и 166 во средните училишта.

    Според податоците на Министерството, новата учебна година ја започнуваат 174 илјади основци и 64 илјади средношколци, додека во прво одделение се запишани 14.952 првачиња.

    Поради намалениот број ученици, привремено ќе бидат затворени 26 подрачни училишта, а со оптимизацијата на училишната мрежа укинати се вкупно 433 паралелки – 222 во основното и 211 во средното образование.

    „Таквите паралелки ги обединивме, па затоа годинава во образовниот систем ќе има 433 паралелки помалку. Важно е што ниту еден редовно вработен наставник не останува без работа“, нагласи министерката.

    Јаневска најави и нов раст на платите во образованието. Според неа, во март 2027 година наставниците и останатите вработени ќе добијат ново зголемување на платите, кое ќе изнесува меѓу 7,5 и 10 проценти, во зависност од стапката на инфлација.

    Поврзани вести:

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    20/10/2026

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.