Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Јанчев: „Тиквешкиот гроздобер“ е двигател на туризмот и локалниот развој
    Република

    Јанчев: „Тиквешкиот гроздобер“ е двигател на туризмот и локалниот развој

    06/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, порача дека „Тиквешкиот гроздобер“ претставува многу повеќе од традиционална прослава, нагласувајќи дека манифестацијата е значајна можност за промоција на Кавадарци и Тиквешијата, развој на туризмот и поддршка на локалната економија.

    На свеченоста во Винскиот музеј, Јанчев ги поздрави претставниците на државните институции, дипломатскиот кор, гостите и сите соработници кои присуствуваа на отворањето на манифестацијата.

    „Тиквешкиот гроздобер е една од најзначајните традиционални манифестации во Тиквешијата и Кавадарци. Посветен е на лозарите и винарите, но истовремено е и можност да ги промовираме нашиот град, регионот и неговите потенцијали“, истакна Јанчев.

    Тој нагласи дека лозарството и винарството се нераскинлив дел од идентитетот на Тиквешијата, потсетувајќи дека генерации кавадарчани со својот труд придонеле за создавање на препознатливите тиквешки вина.

    Според него, обврска на сите е оваа традиција не само да се зачува, туку и дополнително да се развива.

    „Тиквешкиот гроздобер не треба да го гледаме само како традиционална прослава, туку и како можност за промоција на Кавадарци, развој на туризмот, поддршка на локалното стопанство и создавање нови партнерства и пријателства“, порача градоначалникот.

    Јанчев изрази задоволство што годинава манифестацијата обединува гости од различни места, оценувајќи дека ваквите настани придонесуваат за поврзување на луѓето, институциите и градовите.

    На крајот од своето обраќање, тој наздрави за успешен „Тиквешки гроздобер“, за добрата соработка и пријателството, како и за континуираната поддршка од Владата, ресорните институции и сите што придонесуваат за развојот на Тиквешкиот регион, лозарството и винарството.

    Поврзани вести:

    Над 600 прекршоци за брзо возење во една полициска акција низ Македонија

    Над 600 прекршоци за брзо возење во една полициска акција низ Македонија

    Од следната недела стартува вакцинацијата против грип, прво за ризичните групи

    Од следната недела стартува вакцинацијата против грип, прво за ризичните групи

    МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

    МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

    Јовица Андовски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за здравство

    Јовица Андовски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за здравство

    Цариниците открија дрога кај германски државјанин, акцијата снимена со телесни камери

    Цариниците открија дрога кај германски државјанин, акцијата снимена со телесни камери

    ОЈО Кочани побара притвор за Ива Михајлова

    ОЈО Кочани побара притвор за Ива Михајлова

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Над 600 прекршоци за брзо возење во една полициска акција низ Македонија

    13/10/2026

    Од следната недела стартува вакцинацијата против грип, прво за ризичните групи

    13/10/2026

    МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

    13/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.