Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски порача дека нема намера да бега од државата по најавите за издржување затворска казна и упатниот акт за затворот во Шуто Оризари.
Јакимовски рече дека не се гледа себеси во сценарио слично на она на поранешниот премиер Никола Груевски и нагласи дека ќе ја почитува судската одлука, иако, според него, случајот против него е политички конструиран.
Поранешниот градоначалник откри и дека има здравствени проблеми, наведувајќи дека бил опериран од карцином на бели дробови и дека во декември треба да оди на контрола во Виена.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
