Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Израелски медиуми: САД бараат Тел Авив да не се вклучува во ескалацијата
    Свет

    Израелски медиуми: САД бараат Тел Авив да не се вклучува во ескалацијата

    20/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Соединетите Американски Држави го известиле Израел дека во наредните денови планираат да ја засилат воената кампања против Иран, објави израелската јавна телевизија КАН, повикувајќи се на неименувани израелски и американски безбедносни извори.

    Според извештајот, Вашингтон побарал од Тел Авив да не се вклучува во актуелната фаза од ескалацијата, и покрај проценките дека постои можност Иран да изврши напад врз Израел. Наводно, американската администрација стравува дека евентуален израелски одговор врз иранска територија би можел дополнително да го прошири конфликтот.

    Во меѓувреме, според истите извори, САД го зголемуваат своето воено присуство на Блискиот Исток. Во изминатите 24 часа во Израел била испратена дополнителна воена опрема и муниција како поддршка за американските борбени авиони.

    Израелскиот портал „Вала“ објави дека американската војска планира да распореди околу 100 авиони-цистерни за дополнување гориво во воздух во израелските воени бази и на аеродромот Рамон во јужниот дел на земјата. Дел од леталата, според истиот извор, би можеле да оперираат и од аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив.

    Порталот наведува и дека само во текот на викендот во Израел пристигнале уште 14 американски авиони-цистерни.

    Овие информации доаѓаат во период на зголемени тензии меѓу САД и Иран. Засега нема официјална потврда од американските власти за наводите објавени од израелските медиуми.

    Поврзани вести:

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    20/10/2026

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    20/10/2026

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.