Израел тврди дека извршил напад во кој бил ликвидиран висок ирански командант поврзан со операциите во Либан.
Според израелската армија, станува збор за командант на елитните Кудс сили, кој бил задолжен за координирање на иранските активности во регионот.
Израелските власти наведуваат дека нападот бил изведен во Техеран, при што целта била токму овој висок функционер, за кого се тврди дека имал клучна улога во поддршката на Хезболах и нападите врз Израел.
Од друга страна, засега нема официјална потврда од иранските власти за овие информации, додека тензиите во регионот продолжуваат да растат по серијата меѓусебни напади.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
