Уапсен е избеган силувач и киднапер кој требало да издржува затворска казна. Вчера во 14:20 часот во Скопје, по судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 40-годишниот скопјанец.
Тој бил баран со потерница за издржување казна затвор од четири години и десет месеци. Осуден е за кривичните дела грабнување и силување. По целосно документирање, ќе биде спроведен во казнено-поправна установа.

