Возач на автобус што превезувал навивачи на кошаркарскиот тим Пистоја беше убиен синоќа во Италија откако навивачи на соперничкиот тим Себастијани го нападнаа автобусот на автопат.
Тој починал откако бил удрен во главата од тула, јавува италијанската новинска агенција АНСА.
Нападот се случил на автопатот Риети-Терни, околу 80 километри североисточно од Рим. Навивачите на Себастијани фрлале камења и други предмети кон автобусот додека тој тргнувал од Риети по натпревар во втората италијанска лига.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
