Тајландската полиција откри нови детали од истрагата за масовното убиство во училиште во предградие на Бангкок, извршено од 14-годишен ученик. Според истражителите, момчето уште минатата година донело
воздушен пиштол во училиштето, кој му бил одземен од наставник, а подолг период покажувало интерес за огнено оружје и следело насилни содржини на социјалните мрежи.
Инаку, во нападот, тинејџерот најпрво ги убил своите баба и дедо, а потоа во училиштето усмртил уште шест лица, по што извршил самоубиство.
Во нападот биле повредени повеќе од 20 луѓе, а полицијата досега испрашала 17 сведоци и пронашла оружје, нож, чаури и компјутер на напаѓачот.
По трагедијата, Министерството за образование најави нови безбедносни
протоколи во училиштата, кои ќе вклучуваат психолошки проценки, построги контроли и мерки против врсничкото насилство. Случајот повторно ја отвори дебатата за контролата на оружјето во Тајланд, земја која има
најголем број оружје во приватна сопственост во Југоисточна Азија.
Мајката на напаѓачот изјави дека не забележала никакви знаци дека нејзиниот син би можел да изврши вакво злосторство и во име на семејството им се извини на семејствата на жртвите.
