Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Истрага за вработен во Народна банка за прикривање на оружје од двојното убиство
    Хроника

    Истрага за вработен во Народна банка за прикривање на оружје од двојното убиство

    21/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага за помагање при убиство и киднаширање на Вања и Панче против лицето З.Д, член на партијата Десна и вработен во Народната банка како техничко лице. Тој во текот на денешниот ден беше во полициска станица на распит, откако вчера експресно беше уапсен, по откривањето на неговиот идентитет, од страна на друг обвинет за време на судско рочиште.

    -По пренесени инструкции од првообвинетиот, осомничениот од просториите на политичката партија Десна зел еден син ранец во кој се наоѓало огнено оружје пиштол – со кој биле извршени двете кривични дела и го отстранил од партијата. Со тоа им помогнал на обвинетите да не бидат откриени. Со цел проверка на наводите, јавниот обвинител обезбеди и судски наредби со кои беа извршени претреси на две локации, а се преземаат и други истражни дејствија, соопшти ОЈО.

    Инаку, во текот на вчерашното рочиште, Велибор Манев, еден од обвинетите, откри дека имало уште едно лице, член на партијата Десна, вработен како технички персонал во Народна Банка, кое помогнало да се скрие пиштолот.

    -Ова е последната коцка од сложувалката. Ранецот е кај член на Десна, вработен како техничко лице во Народна банка. Дознав кога Палевски ми се јави од турската граница и ми кажа да му се јавам на Зоран, за тоа што го зел од канцеларијата, како што се изрази Палевски „пакетот“, да го отстрани од кај него, да го фрли или да го уништи, да не може да се најде. После тоа морав да го известам Палевски дека сум се јавил и сум ја пренел пораката, изјави Велибор Манев, обвинет.

    Сепак, за ова лице нема да има притвор, туку привремено одземање патната исправа, забрана за издавање на нова, како и повремено да се јавува кај службено лице во судот.

    Истрагата против ова лице претставува посебен предмет, велат од обвинителството кој не влијае на судската постапка за двете грабнувања и убиства која е во завршна фаза.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Поранешниот правобранител Стафа се спогоди со Обвинителството за казна од 1 година и 3 месеци

    17/04/2026

    Парични казни од 19.000 евра за оператори со храна, уништена небезбедна храна

    16/04/2026

    Судењето за пожарот во кочанската дискотека продолжи без сведоците на обинителството

    16/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.