Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Историски успех: ТФТ Скопје во полуфинале на АБА 2 лигата
    Спорт

    Историски успех: ТФТ Скопје во полуфинале на АБА 2 лигата

    31/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Кошаркарите на ТФТ Скопје постигнаа голем успех пласирајќи се во полуфиналето од плеј-офот во АБА 2 лига. Во решавачкиот трет натпревар од четвртфиналето, тимот предводен од тренерот Боро Смилковски славеше на гостувањето кај Златибор Моцарт со 90:80.

    Со оваа победа, скопскиот состав ја доби серијата со 2-1 и обезбеди полуфинален дуел против Сутјеска.

    ТФТ одлично го отвори натпреварот и уште по првата четвртина стекна двоцифрена предност (28:15). Домаќините возвратија во вториот период и до паузата ја намалија разликата на само два поени (38:36). Во третата четвртина се водеше израмнета борба, со чести промени на водството, па Златибор во последните десет минути влезе со минимална предност од 59:57.

    Во решавачкиот период, македонскиот тим покажа квалитет и зрелост. И покрај проблемите со лични грешки на Џастин Гордон, ТФТ имаше силен придонес од клупата и направи клучна серија со која ја презеде контролата врз резултатот. Во финишот, искуството и смиреноста беа пресудни за сигурна победа од 90:80.

    Најефикасен во редовите на ТФТ беше Дарин Говенс со 23 поени, 7 скока и 8 асистенции. Значаен придонес даде и Ѓорѓи Зафиров со 14 поени и 6 скока, додека Виктор Ташовски и Михаил Стојанов постигнаа по 13 поени, при што Стојанов имаше максимален учинок од игра. Кај домаќините, најпрецизен беше Матеј Чибеј со 16 поени.

    Полуфиналната серија против Сутјеска, која се игра до две победи, започнува на 8 април во Никшиќ. Реваншот е закажан за 15 април во Скопје, додека евентуалната мајсторка би се одиграла на 22 април повторно во Црна Гора.

    Поврзани вести:

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    19/10/2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    19/10/2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.