Скопјанец заработи кривична пријава за „проневера во службата“ и за „перење на пари“, а против правното лице за технички преглед на возила во кое тој бил овластено лице, Единицата за финансиски криминал поднесе кривична пријава за перење на пари поради сомнение дека го оштетиле буџетот за речиси 7 милиони денари.
Според пријавата, осомничениот 47-годишен скопјанец во периодот од 01.01.2021 до 20.01.2026 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, изготвувал и доставувал лажни извештаи за наплатени надоместоци при регистрација на возила до Јавно претпријатие за државни патишта, Црвен Крст, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Mинистерство за животна средина и општините.
Со наведените дејствија тој се стекнал со противправна корист во износ 6.803.900 денари по однос на надоместоци кои се наплаќале при регистрација на возила на штета на државниот буџет.
