Врховниот лидер на Иран, Ајатолахот Али Хамнеи, е убиен во нападите на Израел и Соединетите Држави, јави иранската државна телевизија.
– Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, загина – се наведува во соопштението.
Иранската влада прогласи 40 дена жалост и неработна недела по смртта на врховниот лидер Али Хамнеи.
Американскиот претседател Доналд Трамп и висок израелски функционер, да потсетиме, претходно изјавија дека Хамнеи е убиен, но Техеран досега одбиваше да ја потврди информацијата.
Иранската агенција Фарс претходно пренесе дека во нападите загинале и четворица членови на неговото семејство, меѓу кои неговата ќерка, зет и внука.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
