Продолжувањето на примирјето од страна на Доналд Трамп е тактика за купување време за изненаден напад, изјави Махди Мохамади советник на претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач со САД.
Тој оцени дека потегот на САД не е насочен кон смирување на ситуацијата, туку кон создавање услови за нов удар.
Во објава на социјалната мрежа Икс, Мохамади наведе дека продолжувањето на американската блокада на иранските пристаништа „не се разликува од бомбардирање“ и дека, според него, треба да биде проследено со воен одговор.

