На иранските проектили насочени кон Израел се лепат налепници со антивоени пораки на шпанскиот премиер Педро Санчез, покажуваат снимки објавени во иранските медиуми.
Налепниците, напишани на англиски и персиски јазик, содржат негови цитати: „Оваа војна не е само нелегална, туку и нечовечна“, по што следи порака „Ви благодариме, премиере“.
Практиката на испишување пораки на оружје не е нова во овој конфликт. Претходно, иранската државна телевизија објави снимки од војници кои испишуваат пораки дека нападите ќе продолжат се додека и последниот американски војник не го напушти регионот.
Санчез е еден од ретките европски лидери кој отворено ги осуди нападите како „неоправдани“ и „опасни“, а шпанската влада не им дозволи на американските сили да ги користат нивните бази за операции против Иран, што предизвика остра реакција од Донал Трамп, кој се закани со прекин на трговските односи.
Iran sticks pro‑Sanchez messages on missiles aimed at Israel after Spanish PM condemns the war pic.twitter.com/O3RHzaAyJN
— HatsOff (@HatsOffff) March 23, 2026
