Интервју со Мимоза Ристова – универзитетски професор, научник, колумнист, романописец, драмски писател и борец за човековите права.
Кога ќе кажете Скопје, кои мисли и слики Ви се појавуваат?
Кога ќе се замислам романтично, и ќе повикам убави слики кои врзваат патритски
чувства за моето родно Скопје, ми доаѓаат Градскиот Трговски Центар, Жена парк,
Стара Чаршија, Камениот мост Калето, Златно Славејче, Луна Парк, кафаните
Езерце, Опатија и Кермес во градскиот парк.
Кога ќе ги отворам мислите кон сегашните сличи за Скопје, затнати улици,
добивам горчливи чуства на возење во гужва, никако не стигнвање дома, барање
паркинг, заморни шопинг молови, слика на непримерните и нехумани чекални во
Државната болница, пренаселеност и слики на многу ѓубре (комунален отпад на
виделина насекаде). Слика на нечистотија, загубено време и искинати нерви.
Кое Скопје го сакате повеќе – ова сега или тоа од порано?
Секако дека ми недостига старото Скопје. Не дека е тоа врзано со мојата младост,
по која тажам, туку, едноставно со мојата стабилност, безбедност и спокојство во
живеењето, и мое и на моите деца и на генерациите што идат.
Скопје и скопјани даваат и плаќаат, но дали институциите и
градоначалниците доволно му даваат на градот?
Не даваат никогаш доволно ни гратските татковци ни мајќи. Некои навистина
немаат визија, некои заскитале низ политичките желби за моќ, а кои потоа
преоѓаат или тлееле да се манифестираат како бизнис интереси и злопотреби,
Некои се трудат, но не им успеваат да им одолеат на богатите награди од
градежната мафија. Никој не се погрижи за тоа дека Скопје е пренаселено и дека
инфраструктурата не може да го подржи таквиот раст, и дека тоа води кон
несреќни и фрустрирани граѓани.
Дали Вие доволно му дадовте на градот?
Ги исполнувам граѓанските должности – плаќам данок. И секако се грижам да не го
загадувам. На кратките релации возам електричен тротинет, а којата ја ползувам само за да одам до работа и на подолги релации. Немам и не сум имала
политичка моќ за да му дадам повеќе на мојот сакан град.
Со што најмногу се гордеете во Скопје?
Градскиот парк и Водно се останати како трајна гордост која им одолева на
грабежливите урбанизатори. Долго време веќе се срамам од Скопје. После
распаднатите гипсени фасади, од криминалниот Проект – 2014, јас немам со што
да се пофалам.
Преголемо ли е Скопје за Вас, треба да расте или да се намали?
Скопје е преголемо. Големината се мери во времето да се стигне од една до друга
клучна дестинација. Времето на патување до работа порасна. Пописот покажа
дека Скопје има 50% повеќе станови ненаселени. Скопје не треба да се претвори
во банка на нелегално стекнати пари ( од перење пари, од дрога или од црни
бизниси од криминалците од земјава и од Косово) претворени во недвижен имот.
Скопје треба да стане затворен град како Љубљана. Колку ќе биде разликата
помеѓу новородените и умрените за една година, толку нови жителства треба да
се одобрат за наредната година.
Што ви недистига во градот, а што би одзеле?
Многу би одзела. Би направила дисперзирана Влада. Половина од
министерствата би ги преселила по градовите во кои емиграцијата е значителна.
Во време на информациски бум тоа е сосема остварливо.
Во какво Скопје би сакале да живеете?
Некако кренав раце и немам соништа кои се остварливи. Корупцијата и спрегата
општиски власти и градежна мафија ми се чини непобедлива. Таа ни ги украде
соништата.

