Утре нов протест од страна на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје” поради како што велат континуираното загадување на воздухот и молкот на инситуциите. Протестот ќе се одржи во близина на цементарницата на крстосницата меѓу булеварите „Борис Трајковски” и „Србија”.
-Или ќе излеземе сите – или ќе нè снема еден по еден! Излези, затоа што воздухот нема да се исчисти сам, порачуваат организаторите, и истакнуваат дека иницијативата е реакција на долготрајната загриженост за здравјето на сите жители, особено на децата.
Граѓаните бараат поставување на мерни станици кои ќе овозможат 24/7 мониторинг на квалитетот на воздухот и истакнуваат дека додека тоа не се случи, нема да им веруваат на уверувањата дека фабриката не загадува.
Последниот протест од страна на иницијатива „Стоп за Усје”, беше на 26 декември минатата година и сите нивни барања беа доставени до инстутуциите.







