Имплементацијата на Шенген системот за влез и излез, кој започна на 12 октомври 2025 година предизвика хаос на европските аеродроми. И покрај уверувањата на бриселските бирократи дека процедурите се кратки и се е уиграно, патниците чекаат и по 3 часа за да ги поминат сите процедури.
Аеродромските служби предупредуваат дека доколку системот не се стабилизира до почетокот на јануари, хаосот на аеродромите ќе биде уште поголем.
И по два месеца од воведувањето на системот за влез и излез се уште имаат проблеми со прекини, недостапност на портите за автоматска гранична контрола, но и немање доволен број киосци на кои ќе се остават биометриските податоци и недостиг од полициски кадар.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
