Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»И покрај благо намалување, грипот останува високоризичен
    Хроника

    И покрај благо намалување, грипот останува високоризичен

    22/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во третата недела од 2026 година, од 12 до 18 јануари, во Македонија се пријавени 2.062 случаи на грип и заболувања слични на грип, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Иако бројот е за 11,2% помал во споредба со претходната недела, интензитетот на вирусот и натаму останува висок.

    Според податоците, бројот на заболени е зголемен за 46% во споредба со истата недела минатата година, кога беа регистрирани 1.412 случаи. Во однос на типичната епидемиска крива од последните 15 сезони, бројот на случаи е за 6,9% понизок, но инциденцата останува над неделната граница за средна активност, што укажува на засилена циркулација на вирусот.

    Најголем број заболени се на возраст од 15 до 64 години (1.274 случаи). Највисока инциденца, 289,1 случај на 100.000 жители, е забележана кај децата од 0 до 4 години (279 случаи), додека кај децата од 5 до 14 години се регистрирани 243 случаи. Кај лицата над 65 години се пријавени 266 заболени.

    Заболени се евидентирани во 29 центри за јавно здравје. Најмногу случаи има во Скопје – 556, следат Тетово (146), Охрид (142), Битола (139) и Куманово (137). Во повеќе помали општини бројот на заболени е под 30.

    Многу висока активност на грипот е регистрирана во Дебар, Охрид, Свети Николе и Кавадарци, а висока активност – во Кратово, Штип и Виница. Во поголемиот дел од земјата се регистрира средна до сезонска активност, додека во две единици е евидентирана многу ниска активност на вирусот.

    Во текот на третата недела се пријавени два смртни случаи асоцирани со грип: жена од 75 години од Скопје и маж од 69 години од Кавадарци. Двајцата биле хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, имале коморбидитети и не биле вакцинирани против сезонски грип. Лабораториски кај нив е потврден присутен вирус Influenza A.

    Податоците од вирусолошкиот надзор покажуваат континуирано интензивно ширење на вирусот, со процент на позитивни примероци над 10% веќе шест недели. И покрај благото неделно намалување на бројот на заболени, надлежните институции предупредуваат дека вирусот на грип останува ризик, особено за повозрасните, хронично болните и невакцинираните граѓани.

    Поврзани вести:

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    20/10/2026

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.