Во текот на летната туристичка сезона, македонски полициски службеници ќе бидат дел од заедничките патроли на албанското крајбрежје, во рамки на регионална безбедносна операција во која учествуваат и полицајци од Косово, Црна Гора и Италија.
Целта е зголемување на безбедноста на туристите и превенција од инциденти во најпосетените туристички зони.
Заедничките патроли ќе бидат распоредени долж крајбрежјето, но и на најфреквентните патни правци кои водат кон туристичките центри.
Присуството на македонски полицајци во Албанија е од големо значење за туристите од Македонија кои во значителен број летуваат на албанското крајбрежје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
