Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Хутите нападнаа владин комплекс во Јемен, премиерот и министрите неповредени
    Свет

    Хутите нападнаа владин комплекс во Јемен, премиерот и министрите неповредени

    15/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Најмалку две лица загинаа, а повеќе експлозии го потресоа претседателскиот комплекс „Маашик“ во Аден, откако Хутите извршија ракетен напад врз објектот што го користи меѓународно признатата влада на Јемен.

    Според јеменските власти, во нападот животот го загубиле двајца припадници на обезбедувањето, додека премиерот и членовите на владата, кои во тој момент се наоѓале во комплексот, останале неповредени.

    Министерот за информации Моамар ал Ерјани изјави дека кон претседателскиот комплекс биле истрелани пет ракети. Одговорноста за нападот ја презедоа Хутите, кои тврдат дека целта не биле владините претставници, туку саудиски воен штаб и складиште за оружје во рамки на комплексот. Овие тврдења засега не се независно потврдени.

    Нападот доаѓа во период на ново влошување на безбедносната состојба во Јемен, проследено со зачестени ракетни и беспилотни напади врз цели во Саудиска Арабија.

    Според саудиската воена коалиција, во текот на октомври биле извршени повеќе напади врз аеродромот „Крал Халид“ во Ријад, како и врз аеродромот во Абха. Од друга страна, саудиските сили соопштија дека уништиле десетици складишта за оружје и ракетни позиции на Хутите во Јемен.

    Поради зголемените безбедносни ризици, веќе има последици и врз меѓународниот воздушен сообраќај, а Европската Унија и земјите од Персискиот Залив го одложија самитот што требаше да се одржи на 24 октомври во Ријад.

    Јемен е зафатен од вооружен конфликт од 2014 година, кога Хутите ја презедоа контролата врз главниот град Сана. И покрај примирјето постигнато во 2022 година со посредство на Обединетите нации, трајно политичко решение сè уште не е постигнато, а обновените судири дополнително ја влошуваат хуманитарната состојба во земјата.

    Поврзани вести:

    Албанската полиција: Само мал дел од приведените на протестите се студенти

    Албанската полиција: Само мал дел од приведените на протестите се студенти

    Путин најави одговор на украинските напади врз руската енергетска инфраструктура

    Путин најави одговор на украинските напади врз руската енергетска инфраструктура

    Насилни студентски протести во Тирана, полицијата употреби водни топови и солзавец

    Насилни студентски протести во Тирана, полицијата употреби водни топови и солзавец

    Колумбија ја отвори амбасадата во Ерусалим и ги обнови односите со Израел

    Колумбија ја отвори амбасадата во Ерусалим и ги обнови односите со Израел

    Две жртви во големите поплави во Истанбул, властите прекинаа со настава поради опасност од ново невреме

    Две жртви во големите поплави во Истанбул, властите прекинаа со настава поради опасност од ново невреме

    САД разгледува употреба на „Мајката на сите бомби“ против Иран

    САД разгледува употреба на „Мајката на сите бомби“ против Иран

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Албанската полиција: Само мал дел од приведените на протестите се студенти

    15/10/2026

    Путин најави одговор на украинските напади врз руската енергетска инфраструктура

    15/10/2026

    Насилни студентски протести во Тирана, полицијата употреби водни топови и солзавец

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.