Грчки танкер бил нападнат во Црното Море во близина на терминалот на Конзорциумот за Касписки цевководи кај Новоросијск, објави „Блумберг“.
Бродот во моментот на нападот товарел нафта од руско потекло, иако преку терминалот главно се извезува казахстанска нафта.
Според извори запознаени со ситуацијата, ова е прв напад врз брод кај терминалот по речиси три недели затишје. Украина претходно се согласила да не ја напаѓа инфраструктурата на конзорциумот и неруските бродови, под услов тие да не се под украински санкции и да не превезуваат руски товар.
Најновиот напад повторно отвора ризик за работењето на важниот нафтен терминал во Црното Море.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
