Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Грчката Влада ги соопшти мерките за поддршка на земјоделците
    Свет

    Грчката Влада ги соопшти мерките за поддршка на земјоделците

    07/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Ова се мерките за земјоделците кои Владата на Грција ги соопшти:

    Намалување на цената на струјата на 8,5 центи за киловатчас до 2028 година; поврат на посебниот данок на потрошувачка на нафта; 100 отсто покриеност на обесштетувањето при елементарни непогоди, специјален баркод за потеклото на производите, се дел од мерките што денеска ги соопштија вицепремиерот на Грција и надлежните министри во грчката Влада за поддршка на земјоделците.

    Вицепремиерот Костис Хаѕидакис уште еднаш посочи дека од 27 барања на земјоделците, 16 се исполнети или се третираат позитивно, четири се разгледуваат, додека пак седум се или вон буџетската или вон европската рамка и повтори дека секогаш се отворени за дијалог со земјоделците.

    Цената на струјата е едно од главните барања на земјоделците, кои бараат да биде 7 центи за киловатчас, а Владата денеска соопшти 8,5 центи, наспроти претходно најавените 9,3 центи за киловатчас.

    За поврат на посебниот данок на потрошувачка на нафта, согласно соопштеното, земјоделците во суштина нема да го плаќаат данокот со оглед на тоа што преку специјална апликација на пумпите ќе ја плаќаат директно цената одредена за нив.

    Земјоделците се очекува во попладневните часови да одржат состаноци за да ги разгледаат владините мерки и да одлучат дали ќе продолжат со најавената 48-часовна блокада на цела Грција за утре и задутре. Од Владата најавиле дека доколку земјоделците не ги запрат протестите и блокадите, ќе се изрекуваат казни за оние кои продолжуваат со затворање на патиштата.

    grcija земјоделци мерки поддршка протести
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Првичните резултати во Бугарија покажуваат убедлива победа на Румен Радев

    19/04/2026

    Претседателот на парламентот на Иран, ја нарече американската поморска блокада глупава одлука

    19/04/2026

    Северна Кореја повторно си тестира балистички ракети

    19/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.