Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Граѓаните наскоро ќе го добијат повратот од Мој ДДВ, до 2.100 денари по корисник
    Економија

    Граѓаните наскоро ќе го добијат повратот од Мој ДДВ, до 2.100 денари по корисник

    19/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Граѓаните кои во текот на јули, август и септември 2026 година скенирале фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“, наскоро треба да го добијат повратот на дел од платениот данок на додадена вредност.

    Според законски утврдениот рок, исплатата за третото тримесечје треба да биде реализирана најдоцна до 30 ноември. На трансакциските сметки на корисниците може да бидат исплатени до 2.100 денари, зависно од остварениот поврат.

    Од Управата за јавни приходи засега нема објавено точен датум за почеток на исплатата. Како што информираат од институцијата, динамиката ќе зависи од обработката на податоците и спроведувањето на исплатните налози.

    Износот што ќе го добие секој корисник не е ист, туку зависи од бројот на скенирани и прифатени фискални сметки, како и од висината на пресметаниот ДДВ.

    Според актуелните правила, за купени македонски производи и услуги се враќаат 20 проценти од пресметаниот ДДВ, додека за останатите производи и услуги повратот изнесува 10 проценти.

    Доколку сите четири членови на едно семејство се регистрирани корисници и го достигнат максималниот износ, вкупниот поврат за едно тримесечје може да достигне до 8.400 денари.

    Пред исплатата, корисниците се советуваат да проверат дали во апликацијата имаат внесено точни и ажурирани банкарски податоци. Особено внимание треба да посветат оние кои во меѓувреме ја смениле банката или трансакциската сметка, бидејќи неточните податоци може да предизвикаат доцнење на исплатата.

    Мерката „Мој ДДВ“ продолжува да функционира и во 2026 година. Според претходните податоци, во текот на 2025 година на граѓаните им биле вратени повеќе од 3,47 милијарди денари, односно околу 56,4 милиони евра.

    Поврзани вести:

    Нови цени на горивата: Бензините поевтини, дизелот поскапува за два денари

    Нови цени на горивата: Бензините поевтини, дизелот поскапува за два денари

    Николоски најави набавка на девет патнички возови, пет електрични локомотиви и реконструкција на пругата Велес – Битола

    Николоски најави набавка на девет патнички возови, пет електрични локомотиви и реконструкција на пругата Велес – Битола

    До крајот на годината цената на струјата ќе остане иста, дециден е Мицкоски

    До крајот на годината цената на струјата ќе остане иста, дециден е Мицкоски

    Етериумот со најголем раст меѓу водечките криптовалути, биткоинот повторно над 82 илјади долари

    Етериумот со најголем раст меѓу водечките криптовалути, биткоинот повторно над 82 илјади долари

    Во март стартува директна авиолинија Дубаи – Скопје, трипати неделно, најави Муцунски

    Во март стартува директна авиолинија Дубаи – Скопје, трипати неделно, најави Муцунски

    Делови за „Ауди“ ќе се произведуваат во „Кромберт и Шуберт“, фабриката отвора 2.000 нови работни места во Битола

    Делови за „Ауди“ ќе се произведуваат во „Кромберт и Шуберт“, фабриката отвора 2.000 нови работни места во Битола

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Нови цени на горивата: Бензините поевтини, дизелот поскапува за два денари

    19/10/2026

    Николоски најави набавка на девет патнички возови, пет електрични локомотиви и реконструкција на пругата Велес – Битола

    16/10/2026

    До крајот на годината цената на струјата ќе остане иста, дециден е Мицкоски

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.