Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Градежното вештачење покажа дека системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале, вели вештак за “Пулс”
    Република

    Градежното вештачење покажа дека системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале, вели вештак за “Пулс”

    13/07/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градежното вештачење недвосмислено покажа дека во „Пулс”, системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите, изјави судскиот вештак и професор на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

    Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежнниот факултет, нагласи дека вештачењето покажало дека безбедноста на посетителите воопшто не била во интерес при реконструкција и пренамена на објектот за дискотеката „Пулс”.

    Во текот на постапката, Марковски нагласи дека извршиле неколку посети на локацијата и биле направени анализи на примероци од материјали и целокупната документација.

    – Две години пред почетокот на кочанската трагедија во земјотрес на Хаити во јануари 2010 со магнитуда од 7 и времетраење од поповолна минути има 160 илјади жртви. Месец подоцна во Чиле во земјотрес со магнитуда од 8,8 и траење од три минути животот го губат 550 лица. Прашањето е од каде имаме 300 пати повеќе жртви. Од каде оваа разлика? Одговирот е – во Чиле е градено со почитување на стандарди за градба кои ја гарантираат безбедноста на градбите и со тоа на луѓето – изјави Марковски.

    За сето ова да функционира, нагласи, е потребен систем што ќе функционира и гарантира почитување и спроведување на стандардите.

    – Градежното вештачење за жал покажа недвосмислено дека во „Пулс“, системот, односно институциите и поединците целосни не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите. Оние процедури кои треба да обезбедат почитување на стандарди и регулативи. Или едноставно не било почитувано ништо – изјави Марковски.

    Струката и институциите, продолжи Марковски, мора да обезбедат безбедни градби, не може да се очекува од гостите и посетителите без разлика дали е дискотека, киносали или хотел да се прашуваат дали се безбедни. Затоа, посочи тој, во Член 3 од Закон за градење се вели дека секоја градба, зависно од намената, која е дефинирана во детален Урбанистички план.

    – Нема закон што може да донесе и предвиди нешто различно од ДУП. Но, она што е најважно тука бидејќи фокусот е на безбедноста … степенот на безбедност зависи од намената на објектот пропишана во ДУП. Основни барања кои мора градбата да ги обезбеди и нема тука компромис. Не случајно во основните барања за градбата е ставена и заштита на пожари – нагласи Марковски.

    Не смее и не може, подвлече Марковски, на објекти за различна намена да користиме исти материјали, затоа што ризиците од пожари се различни за различни намени на користење и тоа не е само за опасноста од пожари.

    Тој, исто така, направи паралела меѓу законските услови за градба за заштита од пожари и тоа што открило вештачењето за случајот со дискотеката „Пулс“.

    Поврзани вести:

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.