Општина Аеродром започна реконструкција на 18 улици во должина од 5,4 километри, инвестиција вредна 138 милиони денари, финансирана од Владата преку Министерството за транспорт и врски. Увид во почетокот на работите извршија градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и премиерот Христијан Мицкоски.
Меѓу улиците е и „Симеон Кавракиров“ во Мичурин, каде се врши целосна реконструкција вредна 22,6 милиони денари. Проектот опфаќа обнова на коловозот, нови тротоари и асфалт, со што се подобруваат условите за сообраќај. Општина Аеродром продолжува со интензивна реализација на урбани инфраструктурни проекти.

