Гостиварeц измамен со лажен оглас за издавање на стан во Скопје. Тој платил 7.200 денари капар но потоа огласувачот исчезнал.
Од МВР наведуваат дека 36-годишен маж од Гостивар контактирал со едно женско лице, во врска со оглас на социјална мрежа за издавање стан во Скопје. Откако се договориле, капарот од 120 евра го оставил во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, како што му било кажано. Но подоцна не можел да стапи во контакт со жената иако повечепати се обидувал. Наскоро сфатил дека е измамен.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
