Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Горд сум што младите во Битола го наоѓаат своето место за професионален развој, кажа Коњановски
    Screenshot
    Република

    Горд сум што младите во Битола го наоѓаат своето место за професионален развој, кажа Коњановски

    26/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените.

    Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на младите професионалци кои со години ги градат своите кариери во ИТ секторот, но и од резултатите што ги постигнува компанијата.

    „Особено сум горд што имаме млади луѓе кои токму тука го нашле своето место за професионален развој и кои преку својата работа придонесуваат за развојот на локалната економија“, посочи Коњановски.

    На средбата, како што информираше градоначалникот, се разговарало за работата на компанијата, младите професионалци, предизвиците со кои се соочува ИТ секторот, како и можностите за негов понатамошен развој.

    „Секогаш ми е драго кога ќе видам успешни компании кои вложуваат во знаење, млади луѓе и нови идеи“, истакна Коњановски.

    „Cosmic Development“ има повеќе од 150 вработени и својата приказна ја гради веќе 15 години, со канцеларии во Битола, Скопје и Белград.

    Компанијата низ годините била прогласувана за најдобар работодавач на национално ниво, а Коњановски посочи дека особено значајно е што компанијата има канцеларија во Битола, каде што се вработени околу 100 млади луѓе.

    Според него, ваквите компании претставуваат важен потенцијал за задржување на младите кадри во Битола и за натамошен развој на локалната економија.

    Поврзани вести:

    Истрага против инспекторка од АХВ: Осомничена дека примила 250 евра поткуп

    Истрага против инспекторка од АХВ: Осомничена дека примила 250 евра поткуп

    Општина Битола: 15 локални организации на едно место за нови можности за младите

    Општина Битола: 15 локални организации на едно место за нови можности за младите

    АМСМ со апел до возачите: Внимателно поради можни одрони на повеќе патни правци

    АМСМ со апел до возачите: Внимателно поради можни одрони на повеќе патни правци

    Запленети 850 килограми мраз во Радовиш, анализите покажале присуство на ешерихија коли

    Запленети 850 килограми мраз во Радовиш, анализите покажале присуство на ешерихија коли

    Временска прогноза: Претпладне дожд, потоа постепена стабилизација

    Временска прогноза: Претпладне дожд, потоа постепена стабилизација

    Француска сенатска делегација во дводневна посета на Македонија, во фокусот европските интеграции и билатералната соработка

    Француска сенатска делегација во дводневна посета на Македонија, во фокусот европските интеграции и билатералната соработка

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Истрага против инспекторка од АХВ: Осомничена дека примила 250 евра поткуп

    26/09/2026

    Општина Битола: 15 локални организации на едно место за нови можности за младите

    26/09/2026

    АМСМ со апел до возачите: Внимателно поради можни одрони на повеќе патни правци

    26/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.