Иако продолжениот викенд трае само три дена, голем број граѓани не се откажуваат од можноста за краток одмор на грчкото крајбрежје.
Фотографиите од утринава покажуваат долги колони возила на граничниот премин Богородица, каде што патниците чекаат за излез од Македонија и влез во Грција.
Според информациите од терен, времето на чекање за преминување на границата изнесува повеќе од еден час, а зголемениот интензитет на сообраќај се очекува во текот на целиот ден.
Причина за големиот број патници е последниот продолжен викенд пред почетокот на новата учебна година, кога многу семејства го користат периодот за кратко летно патување и одмор.
Надлежните апелираат до возачите да бидат внимателни, да имаат трпение и пред поаѓање да ја проверат состојбата на граничните премини.
