Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Голема полициска операција во Германија по саботажи на електричната мрежа
    Свет

    Голема полициска операција во Германија по саботажи на електричната мрежа

    05/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Германската полиција спроведе голема операција во поранешна електрана во градот Хам, по серијата саботажни напади врз електричната мрежа во покраината Северна Рајна-Вестфалија, јавува ДПА.

    На терен биле распоредени голем број полициски возила, а во потрагата бил вклучен и полициски хеликоптер. Акцијата се одвивала во близина на пошумена област, на селски пат во околината на градот.

    Од полицијата соопштија дека објектот во кој се спроведувала операцијата е поранешна електрана која веќе подолг период не е во функција.

    Во меѓувреме, германските власти започнаа потрага низ Европа по 48-годишен маж од Гевелсберг, во близина на Дортмунд, кој се сомничи дека стои зад серијата саботажи на електрични трафостаници.

    Според истрагата, осомничениот испратил две писма во кои ја презел одговорноста за нападите, наведувајќи дека негов мотив бил да привлече внимание кон производството на електрична енергија од фосилни горива, кое го опишал како „злосторство“.

    Полицијата, сепак, сè уште проверува дали навистина станува збор за лицето што се бара или за лажен идентитет. Истражителите посочуваат дека писмата содржеле детали за инциденти кои во моментот на нивното испраќање не биле јавно објавени.

    Во текот на денот, дополнително бил пронајден сомнителен уред во електрична трафостаница во градот Дормаген, меѓу Келн и Диселдорф, а истрагата за можната поврзаност со останатите инциденти продолжува.

    Поврзани вести:

    Најмалку тројца загинати во ноќните израелски напади врз Либан

    Најмалку тројца загинати во ноќните израелски напади врз Либан

    Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер ако ја добијам поддршката од СНС

    Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер ако ја добијам поддршката од СНС

    Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер во Москва и Киев, нов обид за мировен договор

    Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер во Москва и Киев, нов обид за мировен договор

    Венс: Нема рок за завршување на конфликтот со Иран, ниту за поевтин бензин

    Венс: Нема рок за завршување на конфликтот со Иран, ниту за поевтин бензин

    Двајца спасени од тунел во Непал девет дена по катастрофалните поплави

    Двајца спасени од тунел во Непал девет дена по катастрофалните поплави

    За малку избегнат судир на два авиона во Сиднеј, половина од контролорите биле под висок ризик од замор

    За малку избегнат судир на два авиона во Сиднеј, половина од контролорите биле под висок ризик од замор

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Најмалку тројца загинати во ноќните израелски напади врз Либан

    05/09/2026

    Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер ако ја добијам поддршката од СНС

    05/09/2026

    Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер во Москва и Киев, нов обид за мировен договор

    05/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.