Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Занимливости»Голем празник: Денес се празнува Покровот на Пресвета Богородица
    Занимливости

    Голем празник: Денес се празнува Покровот на Пресвета Богородица

    14/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Денес, 14-ти октомври, православните христијани го слават големиот празник – Покров на Пресвета Богородица, кој се смета за женски празник.

    Празникот е востановен за да се оддаде чест на настанот што се случил на 1-ви октомври 911-та година.

    Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, којашто со своите застапнички молитви го смилостивува Бога кон нас грешните.

    Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати.

    Настанот којшто црквата го споменува и празнува на 14. октомври го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род.

    На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше свети Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј. Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маченици и девици. Гледајќи го тоа видение свети Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се восхитувам!“ Заради ова се востанови ова празнување, за да нè потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја, се наведува во црковните книги.

    Поврзани вести:

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    Автомобил со 3.400 бакнежи стана хит на интернет, но му донесе казна на сопственикот

    Автомобил со 3.400 бакнежи стана хит на интернет, но му донесе казна на сопственикот

    Светот добива нова карта: 164 држави гласаа „за“

    Светот добива нова карта: 164 држави гласаа „за“

    Светски ден на пишувањето писма: Потсетник дека највредните пораки не се испраќаат со еден клик

    Светски ден на пишувањето писма: Потсетник дека највредните пораки не се испраќаат со еден клик

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    15/10/2026

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    07/10/2026

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.