Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во поширока објава на Фејсбук остро ги нападна неговите претходници на функцијата, Данела Арсовска и Петре Шилегов, велејќи дека наследил девастирани јавни претпријатија, хаос во образованието, долгови, неисчистено Скопје, кое не се украсувало за Нова година…
„За само 40 дена направивме повеќе во образованието отколку што некои не успеале во цел мандат. Градиме спортски терени во шест средни училишта, обезбедуваме прочистувачи на воздух за секоја училница, нова ИТ опрема, смарт табли, лаптопи, нови клупи и столчиња, како и опрема за информатичките кабинети, вели Ѓорѓиевски и додаде дека се обезбедени средства за Луна паркот, за првата фаза од првата подземна сообраќајница кај „Лимак” и за кружниот тек во Ѓорче Петров.

