Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Фатих Улусој.
Делегацијата од Турција, предводена од амабасадорот, ја сочинуваа и Синан Танриоген – советник за трговија во Амбасадата на Република Турција, Ирем Нур Ташер – трет секретар во Амбасадата, Доукан Канан – помошник координатор на ТИКА Скопје, Бекир Ибиш – претставник на Турскиот културен центар во Македонија, како и Осман Демирѓул, координатор на меѓународни училишта и претставник на фондацијата „Маариф“ во Македонија.
-Амбасадорот Улусој го нашата програма и визија за современо, паметно и урбано Скопје, како и со јасната заложба за забрзан развој на нашиот град. Заеднички ја потенциравме долгогодишната соработка и традиционално добрите односи меѓу нашите две земји. Разговаравме и за тековните активности на Град Скопје, како и за можностите за понатамошно унапредување на партнерството, особено во сферата на урбаниот развој, инфраструктурните проекти, културната размена и соработката со бизнис-заедницата. Посебно внимание посветивме на потенцијалните иницијативи кои би донеле конкретни придобивки за граѓаните на Скопје, како и на размена на добри практики во локалното управување. Ја нагласив подготвеноста на Град Скопје да продолжи да работи на продлабочување на односите со Република Турција, а амбасадорот Улусој ја истакна континуираната поддршка на Турција за развојните процеси во нашиот град, истакна Ѓорѓиевски.
На средбата бил потврден потенцијалот за нови иницијативи и активности што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на скопјани и за понатамошно зацврстување на меѓусебната соработка.
